• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД
10 ноември 2020  Софија - Во рамки на Берлинскиот процес, се состануваат лидерите на ЕУ и Западен Балкан каде покрај обраќањата на македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов од име на земјите копретседавачи и на канцеларката на Германија, Ангела Меркел како иницијатор на Берлинскиот процес, свое обраќање ќе имаат и премиери и претседатели на земјите членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, а на агендата е усвојување на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар. Скопје - Протоколарна средба на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. (Стар кабинет/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала 6/13:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала „Борис Трајковски“/13:00) Скопје -  Завршна пленарна сесија на Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа“.  (во живо на следниот линк: https://m.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=GcgKOStBXS8 /11:00) Скопје - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ традиционално го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. (на платформата ZOOM/11:00) Скопје - Отворање на пре-асцелераторска програма за „Напредни и апликативни технологии“ на ПримеПоинт. (на платформата ZOOM https://us02web.zoom.us/j/84961940532 /13:00) Скопје - Отворање на изложбата „Мали интимни приказни“ цртежи, графики, објекти и теракота 1985-2020 на Љупчо Бојаров. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, Галерија „КО-РА“/19:00) Истанбул - Отворање на изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Метафора на телесното“ од авторот Слободан Милошески. (Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Истанбул/14:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан