• четврток, 07 ноември 2024
МИА Најави МКД
10 октомври 2021  Прилеп - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски и претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците, Никола Стојановски ќе се обратат на свеченоста по повод „80 години од Денот на народното востание, 11 Октомври“. (Плоштад „Методија Андонов – Ченто“/18:00, пристигнување на медиуми/17:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 52-та седница. (Клуб  на пратеници/11:00)

Битола - Концерт на „Интерфест-Битола“ со Емил Рибарски, пијано. (Музеј/20:00)   Локални избори 2021  Македонски Брод/Прилеп/Крушево - Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните на Дебарца, М. Брод, Долнени, Кривогаштани и Прилеп, а на централниот настан ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Томе Христоски. (Крушево, Македониум/20:00) Велес - Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат потпретседателот Фатмир Битиќи и кандидатот за градоначалник Горан Стојановски. (Чашка) Скопје -  Изјава на кандидатот за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата, Александар Филиповски. (Промотивен штаб на СДСМ во Ново Лисиче до ТЦ „Лиса“ над „Жито маркет“/11:00) Штип - Прес-конференција ќе одржи кандидатката за советничка на СДСМ во Штип, Маријана Рогожарска Поповска. (нас.Македонка,кај „Бука“/10:30) Струмица -  Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Василево, Босилово и Ново Село. (Пред ОК во Василево/18:30, Центар во с.Босилово/19:30, ул.„Маршал Тито“ бр.63/20:30) Битола - Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. (наспроти СЕТЕК на ул.„Никола Тесла“/12:00) Куманово - Демократската унија за интеграција ќе ја продолжи изборната кампања во општина Липково, каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник и листата на кандидати за советници, како и во Куманово каде ќе ја презентира листата на кандидати за советници. Скопје - Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. (Шуто Оризари/Петровец) Скопје - „Твоја партија“ ќе одржи средби со граѓани. (11:00)  Тетово - Изборни активности на БЕСА. (Брвеница/18:00, Голема Речица/19:30) Скопје - Кандидатката за  градоначалник на Скопје од „Зелен хуман град“, Ана Петровска ќе одржи прес-конференција на тема „Решенија за Вардариште“. (ЈП Лајка/12:00) Скопје - Прес-конференција на независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. (Граѓански штаб на ул.„;Македонија“/10.30) Скопје – Митинг на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа, поддржан од партијата Левица. (Аеродром,Јане Сандански-споменик/18:00)   __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан