• петок, 08 ноември 2024
МИА Најави МКД
14 октомври 2022 
Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија ќе се сретне со шведската амбасадорка, Н.Е. Ами Ларсон Џеин. (Стар кабинет/ 13:00) Скопје – Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, заедно со Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе одржи настан на тема: „Влијание на социјалната дискриминација врз животот на ЛГБТИ Ромите, можности за соработка и подобрувања“. (Сала на Уставна комисија/ 12:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/ 11:30) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настанотпо повод Извештајот на ЕК за Република Северна Македонија под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!", организирана од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ организира панел дискусија  (х. „Лимак“/10:00 – 12:30, изјави за медиуми/ 11:45 – 12:00) Скопје – Втора меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“ под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски, а домаќин ќе биде заменик-министерката за надворешни работи на Северна Македонија, Фатмире Исаки. (х. „Хилтон“/ 10:00) Виница – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во работна посета на општина Виница. (Изјава за медиуми пред социјалната зграда во Виница/ 10:30) Скопје – Брифинг на амбасадорот на Чешка во Северна Македонија, Јарослав Лудва и неговиот заменик Лубомир Пшенка за активностите на Амбасадата поврзани со претстојниот период на чешкото претседателство со ЕУ. (во просториите на Амбасадата на Република Чешка /13:30) Скопје – Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (на платформата ZOOM, https://us06web.zoom.us/j/86095604149?pwd=ZFVjYVlIaG1wUGZ4WHo2OTBTaTJnZz09, Meeting ID: 860 9560 4149 - Passcode: 913225 /1100) Скопје – Прес-конференција на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. (во просториите на Комисијата, ул. „Даме Груев“ бр. 1/ 9:30) Скопје – Прес-конференција на Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. (во просториите на РКЕ/ 13:00) Скопје – Информативна сесија со цел подигање на свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во Северна Македонија. (Europe House/ 17:30) Скопје – Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење организира прес-конференција на тема „Младинска мобилност за јакнење на претприемништвото и на стручното образование. (Europe House/ 10:00) Скопје - Study in Slovenia, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia организираат презентација која ги опфаќа сите можности за студии и живеење во Словенија. (х. „Александар Палас“/ 10:00 и 14:00) Скопје – Завршен настан на проектот „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“. (х. „Александар Палас“, Конгресна сала 3/ 12:00 – 14:00) Скопје – Прес-конференција на Алијанса за Албанците поврзана со учебниците. (пред МОН/ 11:00) Пробиштип – Рурална Коалиција го одбележува Меѓународниот ден на руралната жена и потпишување на декларација. (ресторан „Амбиент“, с. Пишица/ 12:00) Битола – Денови на македонското пчеларство. (плоштад „Магнолија“/ 12:00) Охрид – 11-годишен собир на Википедијанци од Централна и Источна Европа - Wikimedia CEE Meeting 2022. (х. „Метропол“, сала Лабино/ 9:00) Штип – Првиот трговски центар во Штип – Штип Сити Мол за претставниците на медиумите организира посета пред отворање на трговскиот центар. (тргнување од Скопје/ 10:30, враќање за Скопје/ 13.30) Скопје – Свечено отворање на Фестивалот РУТА – Регионална унија на театри со изведба на претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ – Театар Улисис, Р. Хрватска. (НУ Драмски театар – Скопје/ 20:00) Скопје – „ОКО“ организира аматерска филмска работилница за семејни разговори и креации на тема „Како да раскажеме филмска приказна“. (во просториите на Културно социјален простор Центар – Јадро/ 17:00 – 20:00) Скопје – Свечено отворање на фестивалот „Златна лира2022“ со концерт на Билјана Јосифов, сопран и Иван Еминовиќ, пијано. (Музеј на македонската борба/ 20:00) Скопје – ДЕЦЕНИЈА - финална изложба на студентите од Академиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн при „Скала“ Школата за дизајн и уметност (поранешно „Џолев и уметностите“) во соработка со Институтот за дизајн и технологија - Скопје, генерација 2021/22. (во пет изложбени простории во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“/ 19:00) Кавадарци – Почнува манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“ со етно изложбата фотографии насловена како „Уметниците и Пресвета Богородица“. (Дом на култура „Иван Мазов – Климе“/ 19:00) Гевгелија – Патувачкиот карван на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ патува во Гевгелија. (Дом на културата „Македонија“/ 20:00) Струга – „Траги“ – изложба на Горан Ристовски. (ЦК „Браќа Миладиновци/ 20:00) Тетово – Изложба на мозаици „Жената во парчиња од камен“ на Изет Зеќири. (Уметничка галерија/ 19:00) Бечеј - Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба, режија и продукција на актерот Ѓорѓи Јолевски учествува на 10. Бечејски фестивал на монодрамата Би:фемон (Be:femon), во Бечеј, Р Србија. Скопје – Прес-конференција на Ракометната Федерација на Македонија по повод подготовките за претстојното ЕХФ Европско ракометно првенство во женска сениорска конкуренција – Women’s EHF EURO 2022, кое ќе се одржува од 4 до 20 ноември 2022 година во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица. (во ATK Premium Club, во кругот на СЦ „Борис Трајковски”/ 12:00)
______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан