• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД
3 септември 2022 Скопје - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ќе ја посети општина Арачиново, каде ќе биде пуштена во употреба водоводната мрежа. (Општина Арачиново / 10:00) Прилеп – Под мотото „Како да се „бие“ млекото?“ ќе се одржи „МЛЕКО 2022“ во организација на „Слоу Фуд Прилеп“,  со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“. (Парк до Саат кулата/ 10:00 – 18:00) Скопје – Обука за пинг-понг за луѓе со попреченост во организација на Здружение на лицата со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Аероклубот Скопје. (Спортски аеродром Стенковец/ 9:00) Скопје – Пиволенд 2022 – „Дојди, Види, Испиј!“. (Плоштад „Македонија“/ 19:00) Скопје -  Гази Баба хип-хоп фест. (Дом на културата „Димитар Влахов“ и плоштад „Коцка“/ 10:00) Скопје – Концерт на пијанистките Франческа Орландо и Мимоза Ќека. (Музеј на македонската борба/ 20:00) Куманово - Премиера на комедијата „Ковачи“ во режија на Деан Дамјановски, во изведба на Кумановскиот театар. (Центар за култура „Трајко Прокопиев“ / 20:00) Загреб – Изложба „Филигран: синергија на традицијата и современоста“ на уметницата Билјана Клекачкоска. (КИЦ на РСМ во Загреб/ 19:30) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан