МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 17 август 2021
17 август 2021
Скопје - Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи за состојбите во Авганистан. (МНР/10:30)
Скопје - Министерката за образование и наука Мила Царовска ќе се сретне со образовните асистенти кои посетуваат обука во ОУ со ресурсен центар “Иднина”, во Општина Чаир. (Изјави за медиуми во дворот на училиштето/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Град Скопје. (на велосипедската патека на булеварот „Александар Македонски“/11:00)
Скопје - Прес-конференција на новиот в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски. (Палата „Емануел Чучков“/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Првата детска амбасада во светот Меѓаши на која ќе ги промовира наодите од онлајн истражувањето за искуството на учениците од далечинското учење . (Зум платформа/10:00)
Скопје - Прес-конференција на Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ на која официјално ќе го објави почетокот на процесот за собирање потписи за нивната независна листа. (кај Седум чешмички во Градски парк/10:00)
Скопје - Проекција на филмот „Нов бран – 40 години подоцна“ и трибина за значењето на „новиот бран“ на овие простори на која ќе говорат Никола Кнежевиќ, автор на филмот и уредник во „Кроација рекордс“ и Иван Беќковиќ, супервизор на „Кроација рекордс“ за Македонија. (Кинотека, летна сцена/20:00)
Скопје - Прием за најдобрите македонски ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски во организација на Агенцијата за млади и спорт. (АМС/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Карате федерацијата на Македонија пред настапот на 48-то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Тампере, Финска од 20-22 август. (Агенција за млади и спорт/13:00)
_________________________________________________________________
МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини