МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 7 ноември 2022
7 ноември 2022
Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии. (Собрание, Кристална сала/12:00, изјави за медиуми по средбата)
Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе биде домаќин на презентацијата на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). (Кабинет на претседателот/11:30)
Скопје – Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се сретне со израелската амбасадорка Симона Франкел. (Стар кабинет/11:00)
Софија – Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја почнува дводневната работна посета на Софија.
Берн – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја продолжува дводневната работна посета на Швајцарија.
Дебар – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев ќе извршат увид во изградбата на социјална зграда во Дебар. (Изјави за медиуми 12:00)
Скопје – Доделување на договори за мерката „Рурална жена“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Клуб на пратеници/12:30)
Скопје – Избори за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (08:00 – 16:00):
– Медиумските екипи може да снимат видео и фото материјали од процесот на гласање на гласачкото место во Вишото јавно обвинителство Скопје. (09:00)
Скопје - Прес-конференција на движењето „Беса“. (седиште на партијата/11:00)
Скопје – Завршна конференција во рамки на проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација во Северна Македонија“, кој е финансиран од Европската унија. (хотел „Холидеј Ин“/12:00)
Скопје – Прес-конференција на коалицијата Менуваме. (Собрание/11:00)
Скопје – Разговор со Игор Станојоски, автор на романот „Диссомнии“, книга за месец ноември во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. (Спомен-соба „Т’га за југ“ во библиотеката/19:00)
Скопје - Промоција на книгата „Чаша чај од смртен грев“ од Верица Ацеска. (Младински културен центар/20:00)
Скопје – Прес конференција на Карате федерацијата. (ресторан „Работнички“, Градски Парк до фудбалското игралиште на ФК „Работнички“ / 13:30)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***