• петок, 05 декември 2025

МЗШВ со финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари

МЗШВ со финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари

Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов, за инвестициски вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари.

-Финансиската поддршка се доделува во висина од 100 отсто од вредноста за инвестициски вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Со финансиските средства, како што велат е предвидена набавка на: Специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи; Градежни машини – Булдожери; Дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта и Трактор со витло.

-Оваа директна инвестиција има за цел модернизација на ЈП „Национални шуми” во делот на заштитата на шумите и ефикасното справување со природните непогоди, посочуваат под МЗШВ.вј/сст/

Фото. МЗШВ

Остани поврзан