• понеделник, 23 декември 2024

МЗШВ: Прекинат уште еден ланец на нелегална сеча на дрва во Кичевско

МЗШВ: Прекинат уште еден ланец на нелегална сеча на дрва во Кичевско

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција, во атарот на село Колари пресретнат е камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

За сторителите се поднесени соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас.

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат акциите во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми. 

Максимално ќе се вложиме за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво и во борбата против нелегалната сеча на дрвата, се наведува во соопштението. ев/

ФОТО: МЗШВ 

 

 

Остани поврзан