МЗТ Скопје се врати на лидерската позиција на табелата во Првата лига
- Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром повторно е на првата позиција на табелата во Првата лига, откако вечерва без поголеми проблеми забележа убедлива победа над Пелис

Скопје, 2 февруари 2020 (МИА) – Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром повторно е на првата позиција на табелата во Првата лига, откако вечерва без поголеми проблеми забележа убедлива победа над Пелистер со 83:59.
За аеродромци ова е 11.победа, додека битолчани го претрпеа осмиот пораз.
На вториот прволигашки натпревар одигран вечера со кој се комплетира 14.коло, Куманово го победи Вардар на гости со 89:85.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 25 бода, Кожув, Работнички, Гостивар и Еуро Никел по 24, Куманово 22, Пелистер 20, Академија ФМП 17, Вардар 16. зс/