• понеделник, 23 декември 2024

МЗТ Скопје се врати на лидерската позиција во кошаркарското првенство

МЗТ Скопје се врати на лидерската позиција во кошаркарското првенство
Скопје, 9 февруари 2020 (МИА) – Бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром повторно е лидер на табелата во македонското кошаркарско првенство, откако вечерва на гостински терен ја победи Академија ФМП со 71:66. Два бода потешко од очекувањата освои и Работнички на свој терен во дуелот со Еуро Никел. Средбата заврши 76:74, а гостите од Кавадарци во последната четвртина влегоа со предност од пет поени (55:50). Резултати на другите три натпревари од 15. коло одиграни претходно: Палистер – Вардар 96:81 Куманово – Кожув 79:67 Гостивар – МЗТ СКопје Уни Банка 89:69. Табела: МЗТ Скопје Аеродром 27 бода, Работнички и Гостивар по 26, Кожув и Еуро Никел по 25, Куманово 24, Пелистер 22, Академија ФМП 18, Вардар 17, МЗТ Скопје Уни Банка 15. зс/

Остани поврзан