• четврток, 25 јули 2024

МЗТ Скопје поразен на гостувањето кај Мега МИС

МЗТ Скопје поразен на гостувањето кај Мега МИС

Белград, 12 март 2023 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром забележа уште еден пораз во регионалната кошаркарска АБА-лига.

 

Аеродромци попладнево загубија со 93:86 на гостувањето во Белград кај Мега Мис. За МЗТ ова е 17. пораз во 21 натпревар по кој останува на дното на табелата.

 

По водството со 27:22 во првата четвртина, МЗТ им дозволи на домаќините да се разиграат и да дојдат до водство кое најчесто беше со двоцифрена разлика.

 

Најефикасен во составот на македонскиот тим беше Мајк Кефи со 18 поени, Абу даде 17, Кук 15.

 

Во следното коло, на 18 март во Аеродром ќе гостува Игокеа. зс/

 

Фото: АБА

Тагови

Остани поврзан