• сабота, 23 ноември 2024

МЗТ Скопје казнет со 30.000 денари

МЗТ Скопје казнет со 30.000 денари

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Кошаркарската федерација на Македонија го казни МЗТ Скопје за „непочитување на одлуките и кршење на актите на КФМ“. Казната е во вредност од 30.000 денари поради присуство на навивачи на натпреварот со МКК Куманово.

-Во еден момент од натпреварот 9.43 2/4 упаднала поголема група на домашните навивачи кои запалиле два факела и пееле навивачки песни и упатувале навредливи и вулгарни зборови кон раководството на КФМ. Во тој момент натпреварот бил прекинат и паузата траела околу 8 мин., после тој период навивачката група мирно ја напуштила салата, стои во образложението од делегатот на натпреварот.

Играњето без публика за МЗТ Скопје е издржување на казната поради нередите на натпреварот против Работнички во третото коло, меч кој се играше на Кале.

За МЗТ Скопје тоа беше прв натпревар на домашен терен оваа сезона откако во претходните три кола играше како гостин. дс

Фото: Фејсбук/МЗТ Скопје

Остани поврзан