• среда, 27 ноември 2024

Меџити: Уставниот суд стана инструмент на дневната политика и дестабилизациските процеси на опозицијата

Меџити: Уставниот суд стана инструмент на дневната политика и дестабилизациските процеси на опозицијата

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) — Се соочуваме со деструктивна опозиција која секојдневно беспредметно критикува без аргументи во функција на дестабилизација и дефокусирање, не во интерес на граѓаните, туку за спас од одговорност. Покрај тоа, тие имаа деструктивни иницијативи кои долго време беа во фиоките и сега ги вадат на виделина, бидејќи сè уште го контролираат судството, како што за жал е Уставниот суд којшто стана инструмент на дневната политика и на дестабилизациските процеси. Ова го изјави лидерот на Демократското движење од Коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, пред почетокот на денешниот настан „100 дена“ во организација на „Вреди“.

Во овие 100 дена, Меџити вели имаше ротација на политичката власт, за која рече интензивно работела на спорни предмети  кои ќе бидат во Обвинителството и судството, нагласувајќи „ние не сме ниту за реваншизам, ниту за моноетнички, ниту за популистички политики“.

– Ова е нов почеток, нова Влада, нова надеж. Во овие 100 дена имаше ротација на политичката власт, но интензивно се работи и на спорните предмети кои што после ќе се бават судството и Обвинителството. Оставаме тие да го кажат крајниот збор, бидејќи ние не сме ниту за реваншизам, ниту за моноетнички, ниту популистички политики. Тие што се огрешиле пред законот треба да одговараат и сите овие обиди за дестабилизација и дефокусирање се само обид, не во интерес на граѓните, туку само да се спасат од одговорноста која што ги чека, рече Меџити.

Посочи дека интензивно се работи на олеснување на протокот на стоки и граѓани на граничните премини Табановце, Јажинце, Ќафасан,..

– Ова ќе биде олеснување и за нашите граѓани во регионот, но големо олеснување и за дијаспората кои што знаат да патуваат повеќе од десет часа и после да чекаат на граничниот премин по десет-петнаесет часа со деца, што е малтретирање. За дијаспората разговараме да најдеме начин, освен ова да им ги решиме и папиролошките документи, бидејќи краток период се тука полесно да дојдат за лични документи во однос на сопственост и друго, рече Меџити. ра/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан