Меџити и Манолева во посета на Поликлиниката „Железара“
- Министерот за здравство Фатмир Меџити и неговата заменичка Маја Манолева денеска ќе ја посетат Поликлиниката „Железара“.

Скопје, 15 декември 2023 - Министерот за здравство Фатмир Меџити и неговата заменичка Маја Манолева денеска ќе ја посетат Поликлиниката „Железара“.
Повод за нивната посета, како што се соопштуваат од Министерството за здравство, е набавката на нова медицинска опрема.
Станува збор за дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди набавен од Буџетот на Министерството. бд/бак/
Фото: МИА архива