Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите
- Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на депонијата „Вардариште“.
Скопје, 6 септември 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на депонијата „Вардариште“.
- Веќе е испратен Инспекторатот на терен и ги чекаме резултатите. Врз основа на тоа, ќе одговориме, изјави Меџити одговарајќи на новинарски прашање по денешната прес-конференција по презентацијата на Проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.
Жители на скопските општини Аеродром и Лисиче веќе неколку дена од 18 часот протестираат барајќи решавање на проблемот со депонијата Вардариште од каде, како што тврдат, се шири чад и отровна миризба.
Дивата депонија „Вардариште“ деновиве беше и тема меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје кои нудеа решенија за надминување на проблемот. бак/вг/
Фото: МИА архива