• понеделник, 23 декември 2024

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа, кој ќе биде поригорозен

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа, кој ќе биде поригорозен

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - До Нова година ќе се донесе нов Закон за игрите на среќи, којшто ќе биде многу радикален, строг и ќе ги порправи вашите грешки, истакна денеска од собраниската говорница, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој одговараше на пратеничко прашање поставено од пратеничката, Рина Ајдари од ДУИ, а која истакна дека нема ништо од затварањата на казината, кои оваа власт го најавиле.

Меџити во својот одговор истакна дека и птиците знаат кој направил во секоја населба или маало да има казино.

-Оваа Влада има објавено војна на овој бизнис и на првите владини седници ние побаравме автентично толкување и вие почитувани пратеници ќе ни потврдите дека претходната влада, заменик премиерот од претходната Влада на незаконит начин ги потпишал тие договори за казина во Република Северна Македонија. Имајќи го предвид автентичното толкување, донесовме одлука за затворање на тие казина, онлајн казина и од Нова година ќе се донесе Закон за игрите на среќа, вели Меџити.

Пратеничката, Ајдари постави прашање до Меџити и дека пред еден ден се согласил со изјавата на Курти со која албанскиот јазик не бил службен. -Кога сте ја кажеле вистината и дали албанскиот јазик е службен во Република Северна македонија, бидејќи изјавите на вашите експоненти од коалицијата ВЛЕН се спротивставени, беше прашањето на Ајдари. 

Меџити со одговор да не се измешаат работите, бидејќи тоа што имало унапредување во употребата на албанскиот јазик никој тоа не го негира.

- Дека членовите на Уставниот суд се избрани од вас и ова е факт, дека законот сте го испратиле во Венецијанската комисија и ова е факт. Јавните изјави од вашите министри во последните четири години беа во таа линија дека ќе се апсолвираат забелешките на Венецијанската комисија и за овие забелешки, каде што ги спомнавме и дека не беа спроведени, иако во тој Закон немаше банкноти и тие работи што беа проблематични и униформите немаше спроведување на овој Закон. Околу балансерот вашите министри дадоа мислење и тие се идентични со овие уставни судии, кои се на иста линија, вели Меџити.

Тој посочи дека не може да бараат нешто да се реши за три месеци, кога не е решено 20 години.

-Не може нешто да се реши кога Владата беше зависна од вас, особено последната власт, мандатот го потрошивте за да не ја унапредите употребата на албанскиот јазик, туку мандатот го потрошивте за оној кој ја водеше Владата за развој на казино и другите бизнис, а правдата и судот ќе го кажат своето, изјави Меџити. вдј/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан