Меџик Џонсон: Лејкерс ќе го повторат успехот и следната сезона
- Легендарниот кошаркар и поранешен претседател на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, верува дека тимот ќе ја задржи шампионската титула и следната сезона.

Лос Анџелес, 13 октомври 2020 (МИА) - Легендарниот кошаркар и поранешен претседател на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, верува дека тимот ќе ја задржи шампионската титула и следната сезона.
- Леброн Џејмс уште еднаш докажа дека е најголемиот играч на светот, докажа дека требаше да биде прогласен за најкорисен играч во НБА. Второ, Ентони Дејвис со играње во регуларниот дел и плејофот покажа дека е втор најдобар играч во НБА оваа сезона. Запомнете, предвидувам токму тука, во моментов, дека Лејкерси ќе го повторат тоа следната сезона, изјави Џонсон.