• четврток, 15 јануари 2026

Меља ги посети дежурните служби на институциите од посебен интерес во општина Дебар

Меља ги посети дежурните служби на институциите од посебен интерес во општина Дебар

Дебар, 1 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Дебар, Фисник Меља, со свои соработници, во текот на новогодишната ноќ,  ги посети дежурните екипи на институциите од посебен интерес.

Ги посетија и пригодни подароци им донесоа на дежурните екипи во Одделението за внатрешни работи, Општата болница со проширена дејност и Територијалната противпожарна единица.

-По повод дочекот на Новата година, градоначалникот посети  клучни институции кои продолжуваат со работа без прекин и за време на празниците. Им ја честиташе Новата година на сите вработени, изразувајќи благодарност за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност, бидејќи и за време на новогодишната ноќ тие се во служба на граѓаните, информираа од општината.

Тој ја истакнал важноста на работата на овие институции за безбедноста, здравјето и благосостојбата на граѓаните, при што високо го оцени придонесот на секој вработен кој ја извршува својата должност со одговорност и посветеност.

Додал дека Општина Дебар останува посветена на континуираната поддршка на овие институции и на зајакнување на соработката со цел обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

-По повод Новата 2026 година, од срце ви посакувам добро здравје, мир, хармонија и благосостојба во вашите семејства. Нека оваа година биде година на надеж, чесна работа и успех за секој од вас, посакал градоначалникот Меља.

Порачал дека Општина Дебар ќе продолжи со посветен ангажман за развој на нашата општина и за постојано унапредување на услугите за граѓаните. вт/дма/


Фото: Општина Дебар

 

 

 

 

Остани поврзан