Меј Маск: Илон беше генијалец кога имаше три години
- Но тогаш сѐ уште не знаете дали ќе направи големи работи... Бидејќи многу генијалци завршуваат во подрум, и не го искористуваат тоа.
Лос Анџелес, 27 јануари 2021 (МИА) - Мајката на Илон Маск, Меј знаела дека нејзиниот син е предодреден да биде великан, уште кога имал три години. Таа говореше за тоа во интервју за Си-би-ес.
- Е па, кога имаше три години, знаев дека тој е генијалец, но тогаш сѐ уште не знаете дали ќе направи големи работи... Бидејќи многу генијалци завршуваат во подрум, и не го искористуваат тоа. Така, јас бев многу возбудена кога тој го почна „Зип 2“, затоа што тоа го олеснуваше животот од врата до врата, а потоа весниците веќе имаа насока што ве носи во ресторан. Знам дека тоа е вообичаено сега, но беше многу необично тогаш и луѓето не веруваа дека тоа е можно, и затоа јас вложив во тоа на самиот почеток, раскажува Меј.
Потоа, раскажува како Илон стигнал до првата половина милион долари кога имал само 12 години.
Милијардерот минатата недела објави награда од 100 милииони долари за делотворна идеја за технологија за намалување а испуштањето јаглерод и штетни материи кај автомобилите. си/