„Меѓу зора и самрак“ самостојна изложба на тетовската сликарка Ермира Реџепи
- Младата уметница Ермира Реџепи од Тетово се претставува со свои дела пред домашната публика со изложба насловена „Меѓу зора и самрак“. Нејзината изложба свечено беше отворена вечерва во прост

Тетово, 21 октомври 2022 (МИА) - Младата уметница Ермира Реџепи од Тетово се претставува со свои дела пред домашната публика со изложба насловена „Меѓу зора и самрак“. Нејзината изложба свечено беше отворена вечерва во просториите на Уметничката галерија во Тетово.

-Изложбата со наслов „Меѓу зора и самрак“се карактеризира со пејзажи на зајдисонце, морски пејзажи, како и временски услови. Во нејзините прекрасни дела, изразува различни чувства: копнеж, тага, разочарување и духовен мир, информираат од Националната установа Уметничка галерија Тетово.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста во наредните неколку денови. ас/вг/