• понеделник, 23 декември 2024

Меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа во Мадрид за 2024-2025 година

Меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа во Мадрид за 2024-2025 година

Скопје, 2 април 2024 (МИА) -  Амбасадата на Кралството  Шпанија во Скопје известува за огласот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа за 2024-2025 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати не-дипломати.

-Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и меѓународна политика, на шпански јазик. Постои и можност за добивање стипендија, наведува Министерството за образование и наука кое го објавува известувањето на Амбасадата.

Потребните информации може да се најдат на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Шпанија (https://www.exteriores.gob.es/es/Ministerio/EscuelaDiplomatica/Paginas/Master/M%C3%A1ster-edici%C3%B3n-2024---2025.aspx)

Рокот за доставување на пријавите и потребната документација е 10 април 2024. хс/лв/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан