• среда, 25 декември 2024

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“: ГРАН ПРИ за Надица Тренчева

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“: ГРАН ПРИ за Надица Тренчева

Гостивар, 24 мај 2024 (МИА) – Со прогласувањето на најуспешните автори кои годинава учествуваа на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар заврши единаесетото издание на оваа манифестација.

На свеченото доделување на наградите во Центарот за култура АСНОМ поетесата Надица Тренчева од Кавадарци ја доби највисоката награда „гран при“ на фестивалот. Жири комисијата во состав: претседател д-р Наташа Сарџоска и членовите Диме Ратајкоски и Слаѓана Брезовска, за најдобар странски автор ја избра Вања Савова од Бургас, Бугарија. Првата награда ѝ припадна на Десанка Николова од Велес, а втората на Силвана Димитриевска од Скопје. Третата награда ја понесе Мирослава Бадаревска од Скопје. За најуспешна млада искра е прогласена Дафина Гилевска (16) од Скопје.

Организаторите на фестивалот, традиционално на наградените поети им доделија плакети, а на останатите финалисти и застапени автори во заедничката поетска збирка им беа доделени дипломи и збирки. Во склоп на манифестацијата беше промовираше најновата поетска збирка „Литературни искри“ 2024. Прогласувањето на најуспешните следуваше по обраќањата на дванаесетте финалисти кои прочитаа по една нивна песна.

На единаесеттото издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ се пријавија 149 автори во двете возрасни категории. Освен од Македонија за наградите конкурираа и поети од Словенија, Романија Албанија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора.

Поетскиот фестивал се одржува во чест на 24-ти мај, денот на првите македонски просветители Светите браќа Кирил и Методиј. Одржувањето на манифестацијата беше од Министерство за култура и неколку приватни компании од Гостивар. згм/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан