• понеделник, 16 декември 2024

Меѓународниот аеродром Алепо надвор од функција по израелското бомбардирање

Меѓународниот аеродром Алепо надвор од функција по израелското бомбардирање

Алепо, 22 март 2023 (МИА) - Меѓународниот аеродром во северниот сириски град Алепо денеска не е во функција по израелското бомбардирање, јавуваат локалните медиуми.
Направена е материјална штета, но не се соопштува дали има повредени или жртви.

Ова е втор напад на аеродромот овој месец.

Официјален претставник изјави за сириската новинска агенција САНА дека во моментов во тек се поправки и дека „аеродромот ќе продолжи со работа за кратко време“.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека покрај аеродромот, во бомбардирањето е уништено и складиште за оружје во близина на милицијата поддржана од Иран.

Израелски воени авиони рано утринава истрелаа ракети врз меѓународниот аеродром во градот Алепо на северот на Сирија, при што е причинета материјална штета, јавија сириските државни медиуми. Како што е наведено, борбените авиони истрелале проектили во правец на Алепо, најголемиот сириски град и некогаш голем трговски центар, додека летале над Средоземното Море. 

Аеродромот беше клучен канал за протокот на помош по земјотресот на 6 февруари во кој загинаа повеќе од 6.000 луѓе во земјата. ссм/

 

Остани поврзан