Меѓународна конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и скопско“
- Како што се наведува во соопштението до јавноста, свеченото отвoрање и работниот дел ќе се одржат во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје денеска почнува меѓународната конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и скопско“, во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ. Станува збор за дел од програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ под покровителство на Советот на Европа.
Како што се наведува во соопштението до јавноста, свеченото отвoрање и работниот дел ќе се одржат во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. бд/ев/
Фото: Организациски одбор на конференцијата