• петок, 27 декември 2024

Мешовитиот парламентарен комитет на средба со европратеничката Тинеке Штрик

Мешовитиот парламентарен комитет на средба со европратеничката Тинеке Штрик

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Членовите на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европската Унија денеска одржаа средба со европратеничката Тинеке Штрик, на која од македонска страна присуствуваа  Соња Мираковска, шеф на делегацијата, и членовите Маја Морачанин, Жаклина Пешевска, Халил Снопче и Снежана Калеска-Ванчева.

Како што информира Собранието на Република Северна Македонија, Мираковска го поздрави одржувањето на средбата со европратеничката, со која, како што рече, негуваме долгогодишни блиски и пријателски односи, и изрази особена благодарност за поддршката која ни ја дава на нашиот евроинтеграциски пат, во рамките на Мешовитиот парламентарен комитет, како и на Жан Моне-дијалогот, кој ќе внесе нов тон во работата на следниот парламентарен состав.

-Таа изрази жалење што оваа година Европскиот парламент не ја усвои Резолуција за напредокот на нашата земја, имајќи ги предвид случувањата и активностите што претходеа на усвојувањето на компромисните амандмани, смета дека овој чекор е целосно оправдан. Европскиот парламент отсекогаш балансирано ги отсликувал состојбите во нашата земја, со точно детектирање на областите во кои како земја бележиме напредок и во областите каде е потребно да се вложат дополнителни напори за нивно подобрување, информира собраниската прес-служба.

Како што е наведено во соопштението,  Штрик нагласи дека и понатаму ќе продолжи поддршката на Европската Унија за евроинтеграцискиот пат на државата, бидејќи е значајна за перспективата на македонските граѓани и дека „ЕУ е силно посветена на проширувањето и треба да се искористи моментот“. 

-Пратениците на средбата беа едногласни дека долгото чекање за пристапување кон ЕУ ја зголемува поларизацијата кај граѓаните, но само заеднички и обединети можеме да ги решиме прашањата кои ни се од национален интерес, клучна останува борбата против корупцијата, но и дејствувањето во насока на подобрување на владеење на правото. Мираковска информираше дека во Собранието во однос на оваа прашање е формирана неформална група, која ќе го крене гласот против корупцијата, а ќе стартува со работа во рамки на новиот пратенички мандат, соопшти прес-службата на Собранието. хс/нд/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија 

Остани поврзан