Мечот Халеп - Рибакина најдобар за оваа година во изборот на ВТА
- Финалниот натпревар на турнирот во Дубаи меѓу Романката Симона Халеп и претставничката на Казахстан Елена Рибакина е прогласен за најдобар во годинава што изминува, објави ВТА на својата офиц

Париз, 8 декември 2020 (МИА) – Финалниот натпревар на турнирот во Дубаи меѓу Романката Симона Халеп и претставничката на Казахстан Елена Рибакина е прогласен за најдобар во годинава што изминува, објави ВТА на својата официјална веб-страница.
Средбата се одржа на 22 февруари.
Халеп го загуби првиот сет со 3:6, го доби вториот - 6: 3, а го освои третиот во тај-брејк - 7: 6. За неа тоа беше 20-та титула во нејзината кариера.
Во конкуренција за наградата беа и средбите: Серена - Венус Вилијамс во Лексингтон; Арина Соболенко - Коко Гаф во Острава; како и Наоми Осака - Анет Контавеит на турнирот во Синсинати. зс/