• понеделник, 23 декември 2024

Мецола и Туск: Воената и енергетската безбедност – приоритет за ЕУ

Мецола и Туск: Воената и енергетската безбедност – приоритет за ЕУ

Варшава, 5 декември 2024 (МИА) - Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и полскиот премиер Доналд Туск денеска во Варшава се согласија дека во сегашните геополитички услови, приоритет за Европската Унија мора да бидат воената и енергетската безбедност.

На прес-конференцијата по средбата со Мецола и лидерите на сите политички групи во Европскиот парламент, Туск изјави дека тековните конфликти во Украина, Газа и Сирија, како и проблемите со изборите во Грузија, укажуваат на тоа колку е значајна европската соработка во овој историски тежок момент.

- Европа мора да биде посебична и понаметлива кон своите партнери во светот, а нејзините членови повеќе солидарни едни со други, изјави Туск, додавајќи дека Полска ќе продолжи со строга национална политика за заштита на границите од илегална миграција.

Мецола изрази доверба во лидерството на Полска за време на нејзиното претседателство со ЕУ следната година, нагласувајќи дека безбедноста во најширока смисла е апсолутен приоритет за Унијата. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан