• понеделник, 23 декември 2024

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското МНР

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското МНР

Скопје, 5 август 2024

Денес во Министерството за надворешни работи на НР Кина заедно со поранешната премиерка на Романија, Василика Данчила, амбасадорите на Македонија, Србија и Бугарија, како и делегации на Словенија, Црна Гора и Албанија, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, присуствуваше на состанокот за Иницијативата за соработка помеѓу Кина со земјите од централна и источна Европа.

На состанокот се зборуваше за досегашната соработка во областа на земјоделието и можностите за продлабочување на истата.

Преку меѓусебна почит и на принципи на еднаквост помеѓу партнерите, можеме да создадеме подобар живот и посилна економија.

Развојот на Македонија е врзан за развојот на целиот регион, како и со соработката со Кина како една од предводниците на новите светски прилики.

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан