• понеделник, 22 јули 2024

Метеор експлодираше над Хрватска (видео)

Метеор експлодираше над Хрватска (видео)
Загреб, 28 февруари 2020 (МИА) - Над Хрватска денеска претпладне, метеор експлодираше при влез во Земјината атмосфера. Зад него остави димна трага и делови распрскани ширум земјата. Таа глетка ги вознемири граѓаните, оти според Дамир Хржина, претставник на загрепската опсерваторија Ѕвездарница, татнежот се почувствувал на доста голема површина. https://www.facebook.com/index.hr/videos/201948047562874/?t=11 - Неколку луѓе ни се јавија дека го чуле ударот. Навистина, и мене ми се јави сопругата - го виде метеорот и токму при нашиот разговор, се слушна силен звук, раскажува Хржина. Тој ги контактирал колегите од Хрватската метеорска мрежа која ги проверува податоците и можеби ќе почнат потрага по остатоците од вселенското тело. Властите засега немаат никакви дојави за каква било штета или повредени поради експлозијата на метеорот. си/ссм/

Остани поврзан