• понеделник, 23 декември 2024

Мета ја поздрави поддршката на Шулц за Берлинскиот процес како сеопфатна иницијатива

Мета ја поздрави поддршката на Шулц за Берлинскиот процес како сеопфатна иницијатива
Тирана, 5 мај 2022 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета ја поздрави изјавата на германскиот канцелар, Олаф Шолц, кој по средбата со косовскиот премиер Албин Курти, уште еднаш ја истакнал својата посветеност за Берлинскиот процес. Мета на  Фејсбук пишува дека поддршката на оваа сеопфатна иницијатива е во најдобар интерес на Албанија, Косово и регионот за поконкретни резултати, поголема финансиска поддршка и повеќе европски вредности. - Ја поздравувам заложбата на канцеларот на Германија, Олаф Шолц, искажана и на премиерот на Косово, Албин Курти, за продолжување на Берлинскиот процес со нова динамика. Поддршката на оваа сеопфатна иницијатива е во најдобар интерес за Албанија, Косово и целиот регион, за поконкретни резултати, поголема финансиска поддршка и со многу европски вредности, истакна Мета. Албанските медиуми пренесувајќи информација за вчерашната средба на Курти со Шолц, посебно ја акцентираат неговата  поддршка за визна либерализација за Косово. вт/ми/

Остани поврзан