• понеделник, 23 декември 2024

Мета побара од партиите да се откажат од тврдоглавоста во интерес на Албанија

Мета побара од партиите да се откажат од тврдоглавоста во интерес на Албанија
  Тирана, 28 јули 2020(МИА) - Во време кога главна тема на политичките дискусии, последните денови од овој месец, се фокусирани на дебатите меѓу партиите околу уставните измени,со кои се укинуваат изборните реформи, вечерва силна порака упати претседателот Илир Мета. Шефот на државата, подвлекувајќи го значењето на политичкиот дијалог, ги повика партиите да го зачуваат духот на резултатите од договорот за изборните реформи од 5 јуни „што е многу важно за започнување на преговорите со ЕУ“. „Твроглавоста во инсистирањето до датумот 30 јули, кој е поставен без да има конкретна цел, не е во интерес на Албанија, туку и штети на нејзината стабилност и европскиот пат,напиша Мета на Фејсбук. Понатаму, Претседателот ја повикува СП да се откаже од едностраните измени на Уставот а опозицискта Демократска партија и обединетата опозиција во име на европската интеграција, да продолжат со упорност и без повлекување во напорите за постигнување на консензуален производ. „Сеопфатен и отворен политички дијалог меѓу политичките партии за сите прашања што влијаат на изборите е единствениот начин што ја приближува Албанија до Европската унија и ја прави Изборната реформа во согласност со стандардите на ОБСЕ/ОДИХР, како што бара Европскиот совет во 15 услови за започнување на преговорите,додава Мета. Во интерес на Албанија и нејзинте граани тој апелира до сте страни да продолжат да работат со добра волја во Политичкиот совет, без одлагање, со единствена цел да се изнајде консензус. „Можно е да се постигне заеднички производ и да се договорат сите. Уставот не може да се смени без консензус меѓу сите најголеми политички партии во земјата. Време да се работи за Албанија во Европа е сега!Никој не смее да му наштети на овој важен момент за Албанија,порача Мета. И покрај несогласувањето на вонпарламентарната опозиција со предлогот на владачкото мнозинство, и препораките на странците „да не презема еднострани активности со промена на Уставот и укинување на правото на предизборни коалиции без согласност на вонпарламентарната опозиција“,Рама не се откажува од уставните измени кои парламентот треба да ги изгласа на седницата в четврток.вт/

Остани поврзан