• понеделник, 18 ноември 2024

Мета во посета на Македонците во Мала Преспа

Мета во посета на Македонците во Мала Преспа

Дебар, 3 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета денеска престојуваше, како што вели, меѓу прекрасната македонска заедница во Мала Преспа.

-На големо задоволство на македонските граѓани во Пустец, денеска во посета беше поранешниот  претседател на Албанија, Илир Мета, кој редовно ја посетуваше Преспа и кога беше шеф на државата, информираше лидерот на огранокот на партијата за Мала Преспа, Панди Јани.

Додава дека на средбата со Македонците во Пустец,  изразил поддршка кон културни, економски и општествени интереси на Македонците.

- Го нагласи големото значење на пријателските врски помеѓу соседните нации и значењето на заедничкото градењето на благосостојба и заемно разбирање. Овој собир беше прилика за дискусија и споделување на идеи, како и израз на припадност и заедништво меѓу Македонците во Пустец. Илир Мета ја поздрави, како што секогаш ја нарекува, прекрасната  македонска заедница и го изрази своето залагање кон мултиетничката хармонија што се создава во поширокиот  регион, посочува Панди Јани.

Оваа посета, оценува тој,  е доказ за пријателски врски и се надеваме дека ќе продолжат да се засилуваат во иднина, со цел за подобрување на условите за живеење на нашите граѓани и развојот на регионот. вт/мд/

Фото: Панди Јани

Остани поврзан