• среда, 25 декември 2024

Мета бара итни, ефикасни мерки по извештајот дека Албанија е последна во Европа според Индексот за владеење на правото

Мета бара итни, ефикасни мерки по извештајот дека Албанија е последна во Европа според Индексот за владеење на правото
Тирана, 16 октомври 2021 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со извештајот за Индексот за владеење на правото, во кој се наведува дека „Албанија е на последното место во Европа според владеење на правото“. Шефот на албанската држава на социјалните мрежи објави дека во земјата значително е влошена состојбата со владеење на правото и оти мора да се преземат мерки во борбата против корупцијата. - Извештаите од престижните меѓународни организации потврдуваат дека од година во година владеењето на правото во Албанија значително се влошува. Индексот за владеење на правото 2021, подготвен од Светскиот проект за правда, е показател за реалната состојба во земјата и силен „повик“ за размислување и преземање акција за борба против корупцијата и овозможување ефикасна и непристрасна правда за сите, наведе Мета. Тој додаде дека овој извештај го мери начинот на владеење на правото, колку е независно судството, колку добро работат ревизорските агенции и колку овие тела се независни, дали службениците се казнуваат за прекршоци, дали медиумите се независни, дали функционерите се избираат според правилата и процедурите предвидени со Уставот. - Заклучоците на Светскиот проект за правда потврдуваат дека Албанија има највисоко ниво на корупција во Европа и регионот и дека ниту еден показател не потврдува подобрување, туку само континуиран пад во споредба со другите земји. Според овој индекс, од мерењето на четири универзални принципи за владеење на правото - отчетност, правичен закон, отворено владеење, непристрасна и достапна правда, произлегува дека Албанија бележи пад во однос на владеењето на правото, и во 2021 година е рангирана на 83 место од вкупно 139 држави. вт/ми/

Остани поврзан