• понеделник, 30 декември 2024

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа 

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа 
Скопје, 20 февруари 2021 (МИА) - Ракометарите на скопски Металург не успеаја вечерва да приредат изненадување на домашен терен против Чеховски Медведи, претрпувајќи го од рускиот тим шестиот пораз во својот седми натпревар во А групата во Лига Европа, со 37:32. Рускиот шампион го контролираше резултатот во текот на целиот натпревар и по водството од 21:17 на полувреме, стигна до највисоките плус шест, 26:20, во вториот дел. Ослабен без неколку стандардни ракометари, Металург стигна на минус два на пет минути до крајот, но Чеховски Медведи ги искористи неколкуте грешки во македонскиот тим и рутински го приведе мечот за своја четврта победа во шестиот натпревар во Лига Европа. Босанскиот интернационален Марко Тарабокиа беше најефикасен во редовите на Металург со осум голови. Металург со еден бод од седум натпревари, го очекува следниот натпревар на 23 февруари, како гостин на австриски Фајверс. ег/сп/

Остани поврзан