• четврток, 29 август 2024

Меси се изедначи со Чави по бројот на настапи за Барселона во шпанското првенство

Меси се изедначи со Чави по бројот на настапи за Барселона во шпанското првенство
Барселона, 13 февруари 2021 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го започна натпреварот од 23. коло против Алавес што е негов 505-ти натпревар за каталонскиот тим во Шпанското првенство. Според овој индикатор, Аргентинецот се израмни со легендарниот играч за врска на Барселона, Чави. Сега и двајцата играчи го делат првото место по број на првенствени натпревари во историјата на клубот. Сепак, Чави е во водство во вкупниот број на натпревари за Каталонците - има 767 натпревари наспроти 759 за Меси. За потсетување, Чави ја заврши својата кариера во мај 2019 година. Негов последен клуб како играч беше катарскиот Ал-Сад, кој сега го предводи како главен тренер. зс/

Остани поврзан