Меси и Де Брујне лидери по асистенции во Топ 5 лигите
- Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси постигна гол и две асистенции на натпреварот од Лига 1 против Ајачио (3:0).

Париз, 22 октомври 2022 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси постигна гол и две асистенции на натпреварот од Лига 1 против Ајачио (3:0).
Аргентинецот сега има девет асистенции во францускиот шампионат 2022/23.
Меси, заедно со играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне, водат по бројот на асистенции оваа сезона меѓу играчите во најдобрите пет лиги во Европа. зс/