Меси го пропушта дуелот против Бразил
- Лионел Меси нема да игра за Аргентина против Бразил во пресметката на двата гиганти на 25 март во Буенос Аирес, која е дел од квалификациите за Светското првенство.

Буенос Аирес, 17 март 2025 (МИА) - Лионел Меси нема да игра за Аргентина против Бразил во пресметката на двата гиганти на 25 март во Буенос Аирес, која е дел од квалификациите за Светското првенство.
Се испостави дека ветеранот има повреда, поради што не се најде во групата на тренерот Лионел Скалони. Четири дена претходно, шампионот ќе се соочи и со Уругвај.
Веста доаѓа неколку часа откако Меси запиша цели 90 минути за Интер Мајами во американското првенство.
Надвор од аргентинскиот состав е и Алехандро Гарначо. Сепак, повикани се Џулијано Симеоне од Атлетико Мадрид и Нико Паз од Комо. дс
Фото: Архива