• среда, 25 декември 2024

Мертенс нема да замине во Челзи и ќе остане во Наполи до крајот на сезоната

Мертенс нема да замине во Челзи и ќе остане во Наполи до крајот на сезоната
Неапол, 30 јануари 2020 (МИА) – Премиерлигашот Челзи нема да се засили со напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, објави италијанскиот новинар Николо Скира. Според него, Мертенс ќе остане во тимот од Неапол до крајот на сезоната. Во моментов нема преговори помеѓу Наполи и Челзи и покрај најавите за негово заминување во Лондон. Во текот на летото, Мертенс може да замине во Интер доколку не го обнови договорот со неговиот сегашен клуб. „Нероазурите“ му понудија на играчот двегодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона. зс/

Остани поврзан