• вторник, 24 декември 2024

Мертенс може да го продолжи договорот со Наполи за две години

Мертенс може да го продолжи договорот со Наполи за две години
Неапол, 16 мај 2020 (МИА) - Дрис Мертенс може да го продолжи договорот со Наполи. Како што пренесува „Фудбал Италија“ повикувајќи се на ТВ „Луна“, Белгиецот продолжува да преговара со клубот и може да потпише нов договор на две години. Главната пречка за договорот е големиот бонус за потпишување на кој смета 33-годишниот играч. Претходно беше објавено дека Интер, Челси, ПСЖ и Борусија покажуваат интерес за Мертенс. Оваа сезона, белгискиот фудбалер постигна шест гола на 21 натпревар во Серија А. зс/

Остани поврзан