• вторник, 03 декември 2024

Меркел на 15 јули ќе го посети Вашингтон

Меркел на 15 јули ќе го посети Вашингтон
Вашингтон, 11 јуни 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел на 15 јули ќе има средба со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон за да ги потврди длабоките билатерални односи меѓу двете земји, објави во петокот портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. - Лидерите ќе разговараат за нивната посветеност за тесна соработка за различни заеднички предизвици, вклучително и ставање крај на пандемијата со Ковида-19, решавање на климатските промени и промовирање на економски напредок и меѓународна безбедност, засновани врз нашите заеднички демократски вредности, истакна Псаки на маргините на првиот ден од Самитот на Г-7 во Англија. Германија и САД имаат имаат долга традиција на блиски односи, но за време на мандатот на Доналд Трамп односите помеѓу Берлин и Вашингтон беа заладени. ми/

Остани поврзан