• сабота, 23 ноември 2024

Меркел: Дијалогот со Русија мора да се поддржи, без оглед на несогласувањата

Меркел: Дијалогот со Русија мора да се поддржи, без оглед на несогласувањата
Берлин, 19 јуни 2021 (МИА) - Германија е тесно поврзана со Русија историски и економски и мора да поддржува дијалог со Москва, и покрај постојните разлики. Ова го изјави канцеларката Ангела Меркал во нејзиниот неделен подкаст по повод приближувањето на 80-годишнината од нападот на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз. - Германија, како и целата Европска унија, не може да ја прифати ситуацијата на Крим, рече Меркел. Берлин е загрижен дека напорите на граѓанското општество и во Русија и во Белорусија неодамна беа ограничени и станаа „невозможни“. - Нашите односи се комплицираат со притворањето на мирни демонстранти и несакани опозиционери, додаде германската канцеларка.  - Како и да е, на Германија и треба дијалог со Русија. Двете земји се тесно поврзани во однос на историјата, општеството и економијата, рече Меркел. - Знаеме дека сме поврзани во рамки на меѓународната соработка. Ова ни го покажа пандемијата, а се однесува и на борбата против глобалното затоплување, кое влијае на сите нас, рече германската лидерка, додавајќи дека„ Русија игра важна улога во овие напори. Германија останува посветена на својата одговорност за нацистичките злосторства. Ова вклучува зачувување на сеќавањата за она што се случи. - Ние сме должни да го правиме тоа во име на милиони жртви и нивните потомци, рече Ангела Меркел. јт/

Остани поврзан