• петок, 08 ноември 2024

Меркел: Бајден донесе нов елан во работата на Г-7

Меркел: Бајден донесе нов елан во работата на Г-7
Лондон, 13 јунии 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека доаѓањето на Џо Бајден на власт во САД донесе нов елан во работата на Г-7. - Изборот на Бајден за претседател на САД не значи дека повеќе немаме проблеми во светот, но можеме да работиме со нов поттик за нивно решавање, истакна Меркел. Таа на маргините на Самитот на Г-7 во Корнвол се сретна со Бајден, а претходно беше најавено дека Меркел на 15 јули ќе го посети Вашингтон. Меркел имаше недоразбирања со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи тој беше скептичен кон мултилатералните форуми како Г-7. ми/

Тагови

Остани поврзан