• сабота, 23 ноември 2024

Меркел апелира да се искористи неделата на бесплатна вакцинација против Ковид

Меркел апелира да се искористи неделата на бесплатна вакцинација против Ковид
Берлин, 12 септември 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара од своите сограѓани да ја искористат неделната кампања за вакцинација против Ковид-19, во рамки на која жителите ќе можат да добијат бесплатна доза вакцина на местата каде се вршат богослужби, во спортски објекти, како и во јавниот превоз. Стравувајќи дека стапката на вакцинација во земјата, која моментално е околу 62 проценти, нема да биде доволна за да се спречи зимскиот бран на инфекција со Ковид, особено поради доминантната Делта варијанта, Владата одлучи да ја поттикне вакцинацијата за сите оние кои досега се двоумеа. „Никогаш досега не било полесно да се вакцинира и никогаш не било можно тоа да се направи побрзоЁ“, рече Меркел во нејзиниот неделен подкаст, додавајќи дека на германските граѓани во понеделник ќе им биде дадена доза од вакцината, која ќе можат да ја добијат без претходна најава на местата каде се вршат богослужби, спортски објекти и во јавниот превоз. Меркел истакна дека досега 66 проценти од населението ја примило првата доза на вакцината, а 62 проценти се целосно вакцинирани, сепак, бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус е во пораст, а повеќето хоспитализирани се невакцинирани. „За да ја пребродиме претстојната есен и зима, треба да убедиме повеќе луѓе да се вакцинираат. Ве молам: заштитете се себеси и другите. Вакцинирајте се", им порача германската канцеларка на своите сограѓани. Од почетокот на пандемијата, околу четири милиони луѓе во Германија се заразија со коронавирус, а повеќе од 90.000 починаа. паг/      

Остани поврзан