Менди неизвесен за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди може да ги пропушти претстојните натпревари на тимот, објави „Marca“.

Мадрид, 1 февруари 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди може да ги пропушти претстојните натпревари на тимот, објави „Marca“.
Според шпанскиот весник, фудбалерот има проблеми со бутниот мускул и најверојатно ќе го пропушти натпреварот против Атлетик во Купот на Шпанија закажан за 3 февруари, како и натпреварите против Гранада (6 февруари) и Виљареал (12 февруари) во Ла Лига.
Под знак прашалник е и неговото учество на натпреварот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, кој ќе се одигра на 15 февруари во Париз. зс/