• сабота, 23 ноември 2024

Меморијален натпревар во чест на Дражен Петровиќ со бројни гости од НБА

Меморијален натпревар во чест на Дражен Петровиќ со бројни гости од НБА

 

Загреб, 29 март 2024 (МИА) – Хрватската кошаркарска репрезентација и селекција составена од европски играчи од НБА лигата, предводени од трофејниот српски стратег Жељко Обрадовиќ, ќе одиграат на 5 септември во Загреб меморијален натпревар во чест на 60. роденден на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ, кој почина на 7 септември 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија.

Објавувајќи ги денеска деталите, организаторите на „Меморијалниот натпревар во сеќавање на Дражен Петровиќ“, соопштија дека на спектаклот во Арена Загреб како гости ќе присуствуваат бројни кошаркари, од денешните НБА ѕвезди на кои Дражен им беше пример, до соиграчите од Барселона 92′ и играчи од американскиот Дрим Тим.

Селекцијата на Европа ќе биде составена од 16 НБА играчи од регионот на поранешна Југославија.

„Меѓу нив ќе бидат 13 актуелни, вклучувајќи ги Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, како и тројца кои настапуваа во НБА лигата до пред пет-шест години“, најави братот на Дражен Петровиќ, Александар Петровиќ. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан