• понеделник, 23 декември 2024

Меморандум за соработка меѓу Интернационалната полициска асоцијација - Регион Охрид и Локалниот младински совет

Меморандум за соработка меѓу Интернационалната полициска асоцијација - Регион Охрид и Локалниот младински совет

Охрид, 18 март 2024 (МИА) – Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) - Регион Охрид и Локалниот совет на млади (ЛСМ) при општина Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соаботка, документ насочен кон јакнење на комуникацијата меѓу двете страни потписнички и воспоставување на системска меѓусебна соработка за едукација на теми од областа на безбедноста.

Меморандумот што го парафираа претседателот на ИПА - Охрид, Стефан Димоски и претседателот на ЛСМ, Игор Јосифоски, има за цел воспоставување и промовирање партнерска соработка на полето на едукација на теми од областа на безбедноста, поттикнување на младинскиот активизам на безбедносен план со цел јакнење на нивната безбедносна култура, поттикнување на младите за поефикасно и поефективно учество во едукативни безбедносни проекти и кампањи.

На пригодната свеченост по повод потпишувањето на документот, претседателот на Локалниот младински совет Јосифоски, рече дека Меморандумот значи поддршка на младите за унапредување на младинското организирање, организирање корисни практични тематски работилници од областа на безбедноста, јакнење на младинските компетенции и знаења од безбедносна сфера и практична настава од интерес на младите и секако на членовите на Локалниот совет. аб/лв/

фото/ИПА - Охрид

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан