Мел Би веќе пет недели се бори со коронавирусот
- „Какво прекрасно место - Сонцето, кристално синото море и целосно ’расипаното‘ однесување во вилата наречена по мене... Но, во реалноста сум завиткана во креветот и се обидувам да го надминам

Лондон, 7 октомври 2021 (МИА) - Членката на поранешната британска поп-група „Спајс грлс“, Мел Би откри дека веќе пет седмици се бори со болеста Ковид-19.
„Замислувам во главата дека сум тука“, напиша „спајсицата“ покрај слика од Малдивите. - „Ах, какво прекрасно место - Сонцето, кристалното сино море и целосно ’расипаното‘ однесување во вилата наречена по мене... Но, во реалноста сум завиткана во креветот и се обидувам да го надминам долготрајниов ’ковид‘,“ признава таа.
На крајот, таа порача оти „коронавирусот не е шега“! си/ссм/