• понеделник, 23 декември 2024

Мелони и Сунак се договорија да го плаќаат враќањето на илегалните мигранти во земјата на потекло

Мелони и Сунак се договорија да го плаќаат враќањето на илегалните мигранти во земјата на потекло

Рим, 16 декември 2023 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Риши Сунак денеска се договорија во Рим нивните земји да кофинансираат заеднички проект за доброволно враќање на мигрантите во нивните земји на потекло, пренесоа агенциите.

-Масовните незаконски пристигнувања на мигранти на островот Лампедуза се недозволиви и неморални, рече Сунак на состанокот на партијата „Браќа на Италија“ во Рим и предупреди дека некои луѓе замижуваат пред проблемот со миграцијата, пренесува италијанската агенција. Анса.

„Поранешната премиерка Маргарет Тачер сфати дека идеите се важни само ако можат да се спроведат. Таа никогаш не се откажа, дури и кога борбата беше тешка, а денес мораме да го примениме нејзиниот радикализам на илегалната имиграција“, додаде тој.

Сунак објасни дека договорот за азил со Руанда, што британскиот Врховен суд го прогласи за незаконски, и договорот меѓу Албанија и Италија за формирање прифатни центри за мигранти, чија ратификација беше привремено блокирана од албанскиот Уставен суд, имаат за цел „ нарушување на бизнис моделот на трговците со луѓе“.

-Ако од нас се бара да ги ажурираме нашите закони и да разговараме на меѓународно ниво за воспоставување рамка за политички азил, нека биде така, бидејќи ако не се справиме со овој проблем денеска, чамците со мигранти ќе продолжат да доаѓаат кај нас, додаде британскиот премиер.

Мерките против илегалната миграција беа централна тема на денешната средба меѓу Мелони, Сунак и албанскиот премиер Еди Рама. Тројцата заедно присуствуваа на политичкиот фестивал Атреју, организиран од Мелони и нејзината партија Браќа на Италија. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан