• вторник, 17 декември 2024

Меланшон: Макрон мора да го признае поразот

Меланшон: Макрон мора да го признае поразот

Париз, 7 јули 2024 (МИА) – Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, кој води на парламентарните избори во Франција, вечерва изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да го признае поразот.

- Макрон мора да го признае поразот. Тој има должност да ја повика нашата коалиција да формира влада, рече Меланшон.

Тој посочи дека „поразот на Макрон дефинитивно е потврден“, додавајќи дека премиерот на Франција, Габриел Атал мора да ја напушти функцијата, пренесува Фигаро.

Според анкета на ИФОП по затворањето на гласачките места во Франција, на прво место е левичарската коалиција Нов народен фронт, која би можела да освои меѓу 180 и 215 места во парламентот.

Центристичката коалиција предводена од претседателот Емануел Макрон би можела да освои меѓу 150 и 180 места.

Крајно десничарската коалиција Национален собир на Марин Ле Пен е на последното место со очекувани 120-150 места, според анкетата на ИФОП.

Според Би-Би-Си, и сите големи ТВ канали проектираат победа на левичарскиот сојуз, а не на Националниот собир на Марин Ле Пен и Џордан Бардела.

Исти резултати објави и француската државна телевизија. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан