Меклафлин постави светски рекорд на 400 метри со пречки на Олимпијадата во Токио
- Американската атлетичарка Сидни Меклафлин го освои златниот медал на Олимпијадата во Токио на 400 метри со пречки. Таа патеката ја помина за 51,46 секунди. Ова е нов светски рекорд.

Токио, 4 август 2021 (МИА) – Американската атлетичарка Сидни Меклафлин го освои златниот медал на Олимпијадата во Токио на 400 метри со пречки. Таа патеката ја помина за 51,46 секунди. Ова е нов светски рекорд.
Претходниот светски рекорд исто така го држеше Меклафлин со време 51,90 секунди.
Сребрениот медал го освои друга Американка, Далиа Мухамед - 51,46.
На победничкиот подиум како третопласирана се најде Фемке Бол од Холандија со истрчани 52,03 секунди.
Вчера и на машката трка 400 метри со пречки, од страна на Норвежанецот Вархолм беше срушен светскиот рекорд. зс/